Четири смртни случаи од грип во Македонија минатата недела


Во текот на изминатата недела, регистрирани се четири смртни случаи поради грип, од кои двајца од Скопје, и по еден од Охрид и Тетово.
Починатите се навозраст од 50 до 73 години. Кај две лица е утврдена претходна хронична болест или повеќе полести, односно постоење на ко-морбидитет. Кај сите починати лабораториски потврден е А(H1pdm) вирусот на грип.
Во текот на 10-та недела од 2019 година (04.03-10.03.2019), во Република Македонија се пријавени 2.429 случаи со заболувања слични на грип, што е за 9,3 отсто намалување во споредба со минатата недела.