Четири огласи за закуп на државно земјоделско земјиште
Активни се четири огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопстевност со вкупна површина од над четири илјади хектари, изјави на прес-конференција Соња Трпчевска-Јанковска, портпарол на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
– Следниот петок завршува рокот за поднесување на понуди за јавниот оглас за давање на државно земјоделско земјиште по закуп за површини до три хектари. Огласот е наменет за одгледување земјоделски култури за производство на сточна храна, односно на житни, фуражни и индустриски култури за период до 15 години. Вкупната понудена површина на овој оглас е над 996 хектари, изјави Трпчевска-Јанковска.
Огласот се однесува за површини во Берово, Валандово, Велес, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кавадарци, Куманово, Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Стрмуца и Штип.
– Во тек е оглас за закуп на земјоделско земјиште за површини од над три хектари по пат на електронско јавно надавање. Со овој оглас се опфатени површини во Берово, Велес, Гостивар, Дебар, Куманово, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Струмица, Штип и Крива Паланка. Ќе бидат доделени над 512 хектари. Рокот за доставување на понуди е до 21 август, изјави Трпчевска-Јанковска.
Околу 1.780 хектари ќе бидат распеделени со оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до три хектари, кој е отворен за понуди до 24 август.
– Огласот е со намена за подигање на долгогодишни насади, одосно лозја, овоштарници, хмељ и оранжерии за период до 30 години. Подигање на долгодишни насади со лешник со период до 70 години. Подигање на маслинарници за период до 50 години. Одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години. Ливади за период до 15 години. За одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште над 700 метри надморска височина за период до 30 години. Рибници до 20 години и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, изјави Трпчевска-Јанковска.
Површините се наоѓаат во Свети Николе, Карпош, Кисела Вода, Чаир и Гази Баба.
Посочи дека за истата намена, во тек се и огласи за околу 1090 хектар површини над три илјади хектари. Понудите треба да се достават до 11 септември.