Четворица уапсени при акција на косовската полиција во северна Митровица


Косовската полиција денеска уапси четири лица, тројца мажи и една жена, при контрола на три локации во северниот дел од Косово – две во Косовска Митровица и една во Звечан, при што е запленето оружје и друг доказен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според портпаролот на регионалната полиција во Косовска Митровица, Бесим Хоти, акцијата е преземена по налог на надлежен суд „по неколкуте сериозни случувања на северот на земјата“.

По налог на обвинителот на уапсените им е одреден 48-часовен притвор.

Запленетиот пиштол и другиот доказен материјал ќе послужат за натамошната истражна постапка, соопшти полицијата.