Четворица скијачи најверојатно загинале во лавина во Норвешка


Норвешката полиција соопшти денеска дека четворица скијачи, кои исчезнаа откако лавина се одрони на северот на Норвешка, најверојатно се починати.

Според портпаролот на полицијата Мортен Петерсен, повеќе нема надеж дека спасителите ќе пронајдат „кого било жив“.

Мадс Гилберт од Универизтетската болница во Тромс изјави дека е „невозможно да се преживее речиси два дена закопан во снег“.

Спасувачката акција за потрага по една Швеѓанка и тројца Финци започна во средата, а обилниот снег и слабата видливост ги отежнаа спасувачките напори.