Честитка од Али Ахмети по повод Велигден
Лидерот на ДУИ Али Ахмети испрати честитка по повод Велигден до православните граѓани.Во неа стои:
Почитувани православни верници,
ми претставува чест во име на сите при Демократската Унија за Интеграција да ви го честитам големиот христијански празник Велигден, со најискрени честитки за здравје, благосостојба и среќа за сите вас.
Денес православните христијански верници го слават Велигден како еден од најголемите христијански празници каде ја наоѓаме надежта но и можноста за подавање рака едни на други во духот на љубовта и меѓучовечката солидарност за заедничко добро.
Посакувам вие и вашите семејства да го поминете овој празник со многу здравје, во семејна хармонија како и со доверба за подобро утре за сите на, стои во честитката на Ахмети.