Червар: Имам голем респект кон Македонија


Поранешниот селектор на македонската ракоментна репрезентација и актуелен селектор на Хрватска, Лино Червар вели дека чувствува голем респект за кон нашите играчи, кои ги вика свои. Потенцира дека е свесен оти ракометот е спорt број еден во нашата земја и дека нема да им довволи на неговите ракометари да се опуштат по победата над Јапонија.

„Дуелот со Македонија ќе биде еден од најважните. Македонија многу успешно игра „седум на шест“, нешто што јас го работев, не не го играв доволно и со Хрватска. Македонија во своите редови има одлични ракометари предводени од Кире Лазаров, но тука се и голманите и помладите, тоа се мои ракометари, но сите ќе сакаат да ме победат. Мислам дека Македонија игра одлично и ќе мораме да бидеме многу внимателни. Против Јапонија не бевме на потребното ниво во второто полувреме, знам дека утре мораме да бидеме многу подобри против Македонците ако сакаме да стигнеме до третата победа“ истакна Червар.