Червар: Борко ме провоцира
Хрватскиот селектор Лино Червар одби да влезе во „војна“ со македонскиот голман Борко Ристовски, кој пред три дена порача дека времето на Червар одамна поминало.
„Сметам дека тоа е само провоцирање и ништо друго. Тој нема никаква важност за мене. Ова е обид само да се наруши мојот мир. Оние кои не познаваат мене и него, се знаат. Немам никаква намера да зборувам за него“, изјави Червар.
Двајцата не се во „љубов“ од времето кога Червар беше предводник на македонскиот национален тим.