Челинџ куп: Еурофарм Работник се пласира во осминафинале
Ракометарите на Еурофарм Работник обезбедија пласман во осминафиналето на Челенџ купот откако и во вториот меч беа подобри од литванскиот претставник Гранитас Каунас.
Битолскиот тим по првиот меч кој го доби пред својата публика со 28:24 денеска беше и поубедлив на гостувањето во Каунас каде победи со 29:23, полувреме 11:10.
Најефикасни во екипата на Еурофарм Работник беа Ојлески со 7, Граџан кој постигна 5, односно еден повеќе од Пецаковски кој средбата ја заврши со четири постигнати гола.
Кој ќе биде противник на Еврофарм Работник во осминафиналето кое ќе се игра напролет, ќе се знае по ждрепката закажана за вторник во Виена.