Челзи го менува Фабрегас со играч на Барселона


Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари гледа во фудбалерот на Барселона, Денис Суарез како на идеален заменик на Цеск Фабрегас.

„Сините“ треба брзо да реагираат, бидејќи идејата на Сари е да го привлече Суарез во зима.

На Фабрегас му истекува договорот на крајот на сезоната, а неговата желба е да остане во лондонскиот клуб, но шефовите на Челзи сакаат да му го продолжат престојот само за една година. Сепак, искусниот Шпанец сака подолг договор. Токму поради тоа Челзи се заинтересира за Суарез, кој тимот од Лондон ќе го чини околу 20 милиони евра.

Италијанскиот фудбалски клуб Милан може да обезбеди 15 милиони евра за Фабрегас во зима, за да го привлече. Со истата сума располага и Сари.