Чавков во притвор три дена пред пресуда


Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков повторно заврши во притвор во затворот во Шутка, три дена пред да биде изречена пресудата за упадот во Собрание, случај во кој Чавков е меѓу првообвинетите.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарало притвор поради сознанија дека Чавков може да бега и да се крие.

Судот го прифатил предлогот и му одредил 30 дневен притвор. Во петок на пладне ќе биде соопштена пресудата за крвавиот упад во Собрание за оние кои не добија амнестија.