Црна Гора: Бегал од полиција, се обидел да ја преплива Морача
Припадници на Центарот за безбедност во Подгорица денеска уапсија маж ВВ (50), кој избегал од пред Основното државно обвинителство и се обидел да ја преплива Морача, информира црногорската полиција.
– В. В., по сослушувањето кај државниот обвинител во Подгорица, под сомнение дека го извршил кривичното дело загрозување на безбедноста, избегал во насока на Морача, влегол во водата и се обидел да преплива на спротивната страна, се вели во соопштението.
Полицајци го фатиле и лишиле од слобода. За настанот е известен и надлежниот државен обвинител.