Циципас го живее својот сон: Најмлад полуфиналист на гренд-слем турнирите


Младиот Грк Стефанос Циципас (20) е првиот полуфиналист на Австралија Опен откако го победи Шпанецот Роберт Баутиста Агут со 3-1 во сетови:

7-5, 4-6, 6-4 и 7-6. Талентираниот тенисер, кој моментно е на 15. место на ранг-листата, во претходното коло го елиминира Рожер Федерер, а со триумфот над Агут стана најмладиот полуфиналист на гренд-слем турнирите уште од 2007 година и Новак Ѓоковиќ.

За пласман во финалето ќе игра против подобриот од мечот Надал – Тиафо.