Ципрас утре ја презема функцијата шеф на грчката дипломатија
Со свечена заклетва во претседателската палата во Атина и со примо-предавање на функцијата во Министерството за надворешни работи на Грција, премиерит Алексис Ципрас утре и официјално ќе ја преземе должност шеф на дипломатијата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во 10.30 часот по локално време (11:30 по средноевропско време), Ципрас ќе положи граѓанска свечена заклетва пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а веднаш потоа од претседателската палата ќе се упати кон Министерството за надворешни работи каде ќе ја преземе функцијата од неговиот претходник Никос Коѕијас.