Ципрас на 2 април ќе ја посети Северна Македонија


Грчкиот премиер Алексис Ципрас на 2 април ќе ја посети Северна Македонија, пишуваат грчките медиуми.  Ципрас ќе ја предводи делегацијата составена од неколку членови на неговиот кабинет и претставници на бизнис заедницата во Грција.

Целта на посетата е да се потврди унапредување на соработката меѓу двете земји, како и јакнење на eкономската соработка.