Циндриќ: Во Скопје беше најубаво


Хрватскиот ракометар, Лука Циндриќ и се заблагодари на скопската публика што со аплуази го дочека на дербито од Лигата на шампиони против Вардар, кој македонскиот првак го доби со 28-27. Тој ја честиташе победата на македонскиот првак, потенцирајќи дека тука ги минал најубавите моменти во кариерата, при што стана и европски првак во 2017 година. За разлика од него, таткото и синот, Талант и Алекс Душебајев беа дочекани со свирежи, а во салата „Јане Сандански“ имаше и навредлив транспарент за тренерот на полскиот Кјелце.