Центарот на Скопје утрово е без парно


Строгиот Центар на Скопје осамна без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток.

Две екипи работат на поправка на дефектот. Се очекува жителите на овој дел од Скопје да добијат парно околу пладне.

За дополнителни информации граѓаните можат да се јават во Центарот за грижа на телефонскиот број (02) 30 76 200.