Цените на угостителските услуги непроменети


Цените на угостителските услуги во ноември 2017 година во споредба со октомври 2017 останаа на исто ниво. Споредено по групите на услуги, зголемување е забележано во групата Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто.

Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во споредба со ноември претходната година се зголемени за 0,8 проценти.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-ноември 2017 година во однос на истиот период минатата година е зголемен за 0,7 отсто, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0,5 проценти.