Цели 12 години глумел дека е нем за да не одговара за убиство, сега не може да прозбори


Кинез обвинет за убиство толку добро глумел дека е нем во текот на 12 години, што на крајот ја изгубил способноста за говор.

Мажот по име Џенг го напуштил своето родно село во покраината Џечијанг во источна Кина во 2005 година откако ги убил своите чичко и стрина по банална расправија за наемнина од околу 64 евра.

Глумејќи дека е нем, тогаш 33-годишниот Џенг, успеал да се вработи на градилиште во друга покраина. Го променил името, се оженил и станал татко. Но локалната полиција на крајот се посомневала во во него кога открила дека Џенг нема лична документација. Било наредено да му се земе примерок од крвта, а ДНК-анализата покажала дека токму Џенг е човекот по кого полицијата трага веќе 12 години.

Откако го откриле, Џенг признанието за убиството можел да го даде само во писмена форма. „По 12 години глумење дека е нем, Џенг ја изгубил способноста за зборување“, пишуваат кинеските медиуми.

Тој на полицијата ѝ рекол дека со тоа што молчел цело време, не се довел во ситуација да каже некоја глупост. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува смртна казна.