Хуан Гуаидо го потпиша првиот претседателски указ


Хуан Гуаидо го потпиша првиот претседателски указ, откако се прогласи за шеф на државата, со кој дозволува влез на хуманитарна помош во Венецуела од САД и неколку други држави.

Се предвидува од утре да почне доставувањето на хуманитарната помош, јави Би-Би-Си.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро не дозволува влез на храна и лекарства во земјата и и нареди на војската да ги затвори патиштата кои водат кон Колумбија. Подоцна издаде иста таква наредба и за патиштата кон Бразил. Мадуро негира дека земјата има потреба од хуманитарна помош и испратената помош од Вашингтон ја окарактеризира како „шоу“. Сепак, Мадуро соопшти дека неговиот сојузник Русија испратила 300 тони хуманитарна помош.