Христијаните ја слават Голема Богородица


Во манастирот во Матка крај Скопје денеска со Света Божествена Литургија и со народен собир ќе биде одбележан христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
Ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
Празнувањето почна синоќа со Вечерна Богослужба, духовна академија и сеноќно бдение со црковно пеење и читање псалми.
Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.
Во манастирскиот двор ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е еден од најголемите христијански празници, посветен наМарија, мајката на Исус Христос.