Хрватска ја демолираше Аргентина со 3-0 за осминафинале на СП


Селекцијата на Хрватска се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Русија откако стигна до втората победа на Мундијалот. Вечерва тие ја совладаа селекцијата на Аргентина со убедливи 3:0.

Ребиќ, Модриќ и Ракитиќ постигнаа три голови за убедлива победа.

Хрватите одиграа маестрален натпревар и целосно успеаја да го затворат Меси.

Со оваа победа Хрватска го осигура првото место и пласманот во осминафиналето, а Аргентина со бод останува зад Исланд, кој исто така има бод. Ако Исланд утре слави против Нигерија, Аргентина ќе може да си ги пакува куферите.