Хрватска сака да вработи 70 странски доктори


Хрватска планира да вработи 40 странски лекари специјалисти, 20 доктори по медицина без специјализација и по пет стоматолози и специјалисти по детална медицина – вкупно 70 лекари или стоматолози, што е најголема новина во предлог-квотата за странски работници во 2018 година.

Хрватската лекарска комора ја поздрави таквата одлука со оглед на тоа дека од Хрватска, откако стана членка на ЕУ, си заминале или не се вратиле 550 лекари бидејќи „објективно постои потреба за вработување на многу поголем број лекари“.

– На ова во прилог му оди просечната саатница за прекувремена работа на болничките лекари, кои во голема мера ја надминуваат законски дозволената, односно бројот на осигурените лица на тимот во примарната здравствена заштита, е поголем отколку што треба да биде согласно стандардите на ЕУ, вели д-р Трпимир Голужа, претседател на хрватската медицинска асоцијација.

Хрватската лекарска комора смета дека овој увоз треба да се контролира во однос на професионалните контроли на квалитетот на „увезените” лекари и насочен кон специфичните потреби на хрватското здравство.

– Неконтролираниот увоз може да го загрози квалитетот на здравствените услуги за хрватските граѓани, вели д-р Голужа.