Хрватска поразена и од Германија-остана без пласман во полуфиналето на Светското ракометно првенство


Хрватска загуби од Германија со 21-22 во драматичен натпревар во Келн и остана без пласман во полуфиналето на Светското ракометно првенство во Германија и Данска.

Во првото полувреме двете екипи неколку пати се менуваа во водство за на пауза да се замине со 11-11. Германија подобро го започна вториот дел и поведе со 15-18. Последните десет минути ги одбележаа неколку судиски одлуки кои жестоко ги налутија хрватските играчи. Посебно она пробивање на Карачиќ на минута пред крајот кога Хрватска бркаше негатива од еден гол.

На вториот меч од 20.30 часот, Данска без многу проблеми го совлада Египет со 26-20.

Утре е слободен ден на шампионатот пред завршните пресметки што се закажани во среда.

СП во ракомет – главна фаза

Група Е, 4 коло

Хрватска – Германија 21:22

Шпанија – Бразил 36:24

Табела: Германија 7, Франција 7, Шпанија 4, Хрватска 4, Бразил 2, Исланд 0.

Идно коло (среда): Бразил – Исланд (15.30 ч.), Франција – Хрватска (18 ч.), Германија – Шпанија (20.30 ч.).

Група Ф, 4 коло

Египет – Данска 20:26

Шведска – Норвешка 27:30

Табела: Данска 8, Шведска 6, Норвешка 6, Унгарија 3, Египет 1, Тунис 0.

Идно коло (среда): Тунис – Египет (15.30 ч.), Норвешка – Унгарија (18 ч.), Данска – Шведска (20.30 ч.).