Хрватска загуби на „Вембли“ и се сели во Б дивизија во Лига нации


Англија ја совлада Хрватска на „Вембли“ со 2:1 и ја испрати во Б дивизија во Лигата на нации.

„Коцкестите“ поведоа со голот на Андреј Крамариќ во 57. минута, домашната селекција израмни преку Џеси Лингард во 76. минута по асистенција на Хари Кејн.

Девет минути подоцна, напаѓачот на Тотенхем и самиот се впиша во листата на стрелци по додавање на Бен Чилвел.