Хрватите си најдоа занимација: Наместо на Мундобаскетот, ќе играат на Летната лига на НБА


Кошаркарската репрезентација на Хрватска доживеа голем срам во квалификациите за Светското кошаркарско првенство во Кина. „Коцкестите“ нема да бидат учесници на Мундобаскетот, па се одлучија на алтернативен начин да го пополнат следното лето.

Репрезентацијата на Хрватска ќе учествува на Летната лига на НБА во Лас Вегас од 5 до 15 јули. Покрај Хрватска, во Лас Вегас ќе игра и репрезентацијата на Кина, како и 30 НБА тимови.

За Хрватите тоа ќе биде прво учество на Летната лига, додека репрезентацијата на Кина веќе играше во Лас Вегас во 2007 година.