Хотелиерите Арабаџиеви од Бугарија обвинети за перење пари и затајување данок


Бугарското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело пријави против шест лица обвинети за перење пари. Според обвинението, еден од нив е Велчо Арабаџиев, син на бизнисменот Ветко Арабаџиев, кој е притворен на 72 часа. По таткото Ветко и мајката Маринела се трага со меѓународна потерница.

Обвинителите тврдат дека компанијата на Арабаџиеви испрала или проневериле најмалку 5 милиони евра, пред се преку луксузните хотели Марица во Пловдив и Маринела во Софија – поранешниот Јапонски хотел Витоша Њу Отани и Кемпински Хотел Зографски. Во полициската акција биле запленети и шест луксузни возила, како и пари во готово кои биле чувани во сефови и куфери. Водечката компанија на семејството пријавувала промет од 1.000 евра годишно, а реалниот промет бил над 600.000 лева, тврди заменик обвинителот Кирил Пејчинов.