Хороскоп: Љубов за ракот, мир за девицата


ОВЕН: Добро ќе биде ако најдете време да си посветите само на себе – признајте си ја својата вредност и редефинирајте ја својата мисија. Сфатете ги сериозно своите дарби и фокусирајте се на себеси – своите таленти и планови.

БИК: Сега се здобивате со чувство на зрелост, трансмутација и имате повисоки и благородни цели. Можеби сте малку збунети, но гледајќи ги работите од нова перспектива, ќе се добиете со разбирање за себе си и својот живот. Промени.

БЛИЗНАЦИ: Денес добро ги воочувате своите карактеристики, скриени таленти и фантазии – костумите и маските кои ги носите некое време повеќе не ви требаат – сфаќате дека така танцувате повеќе по туѓата музика, отколку по своја.

РАК: Секој има комбинација на таленти со кои што е специјален по нешто, па така и вие ги препознавате своите и правите обид да се здобиете со привилегирана позиција. Дајте си повеќе вредност во интимниот живот. Љубов.

ЛАВ: Преку идентификацијата на реалните цели, ја реставрирате својата личност – сега сфаќате што е приоритет и како да ги искористите своите потенцијали за да го направите светот поубаво место за живот. Инспирација.

ДЕВИЦА: Грижливи и нежни, денес сте подготвени да им служите на другите и да им направите удобна атмосфера. Искористете ги потребните материјали и креирајте свое катче, место специјално во кое што се чувствувате сигурно. Мир.

ВАГА: Доколку се обвинувате себе си за нешто, сега е идеално време да престанете. Средете ги легалните работи, престанете да си префрлате и развијте ги корисно своите дарби. Заслужувате да бидете признаени и среќни.

СКОРПИЈА: За вас завршува еден циклус и сега го вперувате своето внимание врз себе. Минавте низ исцрпувачки циклус и сега сфаќате дека е поважно вие што мислите за себе, отколку општеството околу вас. Дајте си приоритет себе си

СТРЕЛЕЦ: Свесни за циклусите на природата и со голем увид во сопствените циклуси, добивате ново разбирање за своите животни проекти. Сега сè е појасно, како да е тргнато пердето од пред очи и сфаќате дека сè е совршено!

ЈАРЕЦ: Спремни, силни и витални, се посветувате на непосредните планови. Сега сте мотивирани, имате енергија, но и импулсивност, затоа внимавајте. Преземате акции со голема храброст и работите мануелна работа. Романса.

ВОДОЛИЈА: Веќе сфаќате колку е животот кревок и дека сега е време да се ослободите од сите дуалности. Така ќе дојдете до преродување. Истапете и прегрнете го своето ново искуство, отворени за нови промени во животот сега.

РИБИ: Со Месечината во својот знак станувате свесни за своите ретки таленти и учите како да ги менаџирате своите емоции, за да бидете силни и фокусирани во својот развој. Искористете го овој момент и енергија за целосно исполнување.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]