Хороскоп: Што предвидуваат денес ѕвездите


ОВЕН: Денес ќе биде добро да обрнете внимание на здравјето и кондицијата, како и на луѓето околу вас. Доколку некој ве користи, а вие го знаете тоа, тогаш знајте дека вие сте одговорни и за исходот на работите, а не другите. Баланс.

БИК: Доколку го повторувате истото, нема да дојдете до нови резултати – фокусирајте се на најважното, планирајте и барајте ги потребните врски – правете стратегија! Имате зрелост, искуство и умешност – искористете го тоа.

БЛИЗНАЦИ: Обидете се да откриете што е она што ве држи на едно место – она што е непотребно отстранете го и сè потоа ќе со дојде на место – нема простор за нервоза. Прашајте се како вие делувате врз овие услови и како може да ги унапредите.

РАК: Сега веќе сè е јасно – се случува огромен пробив во свесноста и тајмингот е коректен – коцките се поклопуваат. Што и да сакате, не се плашете – веќе некое време им се давате на другите, а сега сакате нешто интимно за себе. Повелете!

ЛАВ: Денес би можеле да се соочите со одолговлекувања, застои, но и потреба за ограничување – разгледајте ги своите планови внимателно и ако не можете да постигнете хармонија, вратете го балансот користејќи ги препреките. Итрина.

ДЕВИЦА: Добро е да ги испитате своите мотиви, започнувајќи нов циклус во животот. Плановите и целите се менуваат и со старите вештини правите културни размени. Средби со странци, промоција и нова мисија. Цел. Патувања.

ВАГА: Блокадите со кои што се соочувате всушност може да ви послужат како отскочна штица за нови успеси. Сега е ви е потребно трпение и чекање. Штом тајмингот биде поволен, работите сами ќе си дојдат на место. Така се расте!

СКОРПИЈА: Во фокус доаѓаат личните врски и сега се можни разидувања, отколку соединувања, но тоа може да донесе поволни шанси. Гледајте на сè со многу хумор и филозофско сфаќање, особено на непредвидливите ситуации.

СТРЕЛЕЦ: Го сфаќате уникатниот пат на секој поединец и барате време за комфор и грижа за здравјето – така ќе си дојдете на себе! Ги прифаќате работите што не можете да ги смените, прифаќајќи се себе си какви што сте. Релаксација.

ЈАРЕЦ: Комуникацијата доаѓа во прв план сега и имате самодоверба, но мора да запамтите дека не треба да зависите исклучиво на своите моќи. Коректно ќе биде ако побарате помош од пријателите и блиските и да чекате. Спогодба.

ВОДОЛИЈА: Доколку изгубивте волја што не презедовте навремена акција, не се грижете премногу, ќе се појави нова шанса за дејствување. Сега е добро да се прашате што е она што ве движи и дали се ставате себе си пред сè и сите други?

РИБИ: Не се форсирајте – прекумерниот напор може да биде опасен. Дали ве движи мудроста или, пак, инстинктите? Добро е да прогледате преку велот на нештата и да ја чествувате својата рецептивна страна и интуиција. Мистерии.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]