Хороскоп: Што мислат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ја покажувате својата добра волја и делувате нежно, помагајќи им на останатите. Едноставни и со чиста совест, правите ревизија на своите досегашни работи – конечно имате некакви резултати и ова ви носи извесно ослеснување. Правите нови стратегии и реформи во познатите области и закажувате средби.

БИК: Петок и уште од изутрина се спремате да истражите нови и свежи идеи. Бидете умерени , ова е време за компромис и за соработка, по која ќе добиете подлабока и вредна слика за себе. Во вас се крие силен креативен потенцијал – потпрете врз себе и својата независност и барајте благородни цели. Имајте такт.

БЛИЗНАЦИ: Како да се будите после долг сон после кој што нема враќање – сега е вистинското време да ги соголите работите на нивната наједноставна структура. Немојте да сте пресериозни, туку користете го својот природен хумор пријатели. Така ќе ја избегнете агонијата од незнаење, самозалажување и прорекување.

РАК: Како да имате жешки костени во рацете – некоја романса од минатото не ви дава мир и просто не знаете како да се поставите во оваа ситуација. Многу работи се сменети, иако основните останале исти и сето ова наликува како игра на самовили на полноќ. Буди инспирација, но и страв – дали е реално и можно?

ЛАВ: Денес ги претставувате своите идеи, покажувајќи голема самоконтрола. Пред вас се бурни промени, затоа не избрзувајте во своите одлуки. Можеби се чувствивате ранливо или премногу експонирано, но имајте ја во предвид крајната цел, а таа е вашата благосостојба и позиција во општеството. Со среќа!

ДЕВИЦА: Повторно сте во прв план и тоа исклучиво поради своите квалитети – луѓето знаат дека може да ви се обратат, бидејќи вие сте оние кои што ќе ја завршат работата со голема грижа и внимание. Потоа, вие сте познати по својата нагласена логика, затоа не се чудете што сте барани за совет. Тоа е интима.

ВАГА: Денес до израз ќе дојде вашиот карактер – природната умереност и чувство за баланс ќе ве извадат и од најтешката ситуација. Полека ќе почне и вам за ви зазорува. Штом ги чуете првите информации кои што носат надежни солуции, делувајте без одолговлекување. Барајте повисоки цели и издигнете се над сите.

СКОРПИЈА: Бидете објективни и надраснете ги случувањата – како да сте на стаклена платформа на некој брод. Дистанцирајте се за да смислите начин како да ги заборавите искажаните зборови или најдете сила да се соочите со интензитетот на своите емоции. Бидете нежни како со себе како кон дете и слушајте повеќе.

СТРЕЛЕЦ: Со повеќе планети во својот знак доаѓате до поголеми избори – некако не ви се дава да им отстапите место на другите, но за воља на вистината случувањата ќе ве натераат токму на тоа. Брза и силна динамика, која бара голема вештина и зрелост да се совлада, а тоа е можно ако се отворите целосно!Чујте ги блиските.

ЈАРЕЦ: Одеднаш се создаваат супер услови за напредување. Сепак, бидете малку резервирани и не се отворајте сосема за почеток, тоа и онака не е во вашата природа. Потпрете се на искуството и своите дамнешни пријатели и ќе стигнете до саканата позиција. По овие проекти ќе бидете долго запаметени. Успех!

ВОДОЛИЈА: Вие ја имате потребна духовна сила и објективност да се справите со предизвиците – бидете дискретни и не барајте внимание. Некои работи е добро да останат сокриени за сега. Предизвикот лежи во тоа да го забележите вистинскиот потенцијал – да дојдете до алхемиското злато! Бидете понизни.

РИБИ: За сега држете се до она што ви е познато – ја немате потребната умствена јаснотија за да бирате правилно. Многу фактори се сѐуште сокриени. Од повеќе места добивате мешани понуди или сигнали, затоа користете дискреција. Во јавните средини покажете се во најдобро светло и бидете малку мистериозни.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]