Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Со почеток на работната недела се акцентирани личните врски – внимавајте на несигурноста, стравот од промена, како и неуспехот да ги постигнете своите цели. Имајте добра доза хумор денес, што и да се случи.

БИК: Планетите во Девица ви даваат природна убавина и сензуалност, па затоа сте центар на вниманието денес. Сега ги рефлектирате желбите на другите и на тој начин ги подгревате нивните амбиции. Зрачите со виталност и со харизма.

БЛИЗНАЦИ: Можна нестабилност во блиските врски, пријателствата или работата. Внимавајте да не се занесете по некој и да ги исклучите своите досегашни пријатели. Лажни ветувања и предвремени обврски. Силни страсти.

РАК: Иако постојат блокади, и тие ви користат при вашето напредување, особено ако ги ангажирате своите сили и направите сè за да ги надминете. Внимавајте на променливите расположенија, себичност и незрелост. Страсни апетити и шарм.

ЛАВ: Обидете се да не избрзувате во ништо – доколку некои пријателства останат во минатото, сетете се дека си ја извршиле својата функција и така е најдобро засега. Не треба да работите само за својата цел, туку и за задачата.

ДЕВИЦА: Ретроградниот Марс ве става во позиција на беспредметни расправии, мотивирани од суетната потрага по признавање, финансиски награди или основни страсти. Внимавајте на комуникацијата при потенцијалната криза.

ВАГА: Што и да преземете денес, ве очекуваат убави резултати – храбри, витални и полни со ентузијазам, се отворате кон нови шанси во работата или креативните проекти. Јупитер ви помага и полни сте со инвенција и супер сила.

СКОРПИЈА: Вашето знаење сега се претвора во разбирање – минавте низ големи промени и сега може да ја направите жетвата. Со нова перспектива гледате на своите амбиции, цели и планови и можеби ќе сакате консултација со експерт сега.

СТРЕЛЕЦ: Денес господарите со сите ситуации. Имате можност да ги претворите своите идеи во акција, да се соочите со проблемите и да преземете контрола врз својот живот. Комуницирате со голема елоквенција. Нови проекти и работа.

ЈАРЕЦ: Месечината во Девица ви носи убави шанси, но не им дозволувајте на мрзеливоста или апатијата да ве одведат во погрешна насока. Мечтаете и сте опседнати со нереалистични идеали. Чудни и непознати импулси и желби.

ВОДОЛИЈА: Оставате впечаток дека сте личност која е добро информирана за светот, умешна во сите физички работи и подготвена да ги охрабри другите. Практично работите со испробаните модели и имате големо разбирање за сè.

РИБИ: Иницирате практични активности и зрачите со креативност, продуктивност и плодност. Дел од вашиот живот завршува, а започнува нов и сега е добро да се подготвите за следната фаза. Уживате во комфор и луксуз.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]