Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Верувајте ѝ на својата интелигенција и интуиција дека ќе ве одведат до саканото и не се плашете да се упатите во непознат правец. Вашиот брод е дојден, но се чини како да чекате на поволен коњ да ве доведе до пристаништето. Прашајте се што треба да постигнете реален успех.

БИК: Промените кои што ги почнавте се веќе готови и сега можете да ги соберете плодовите на својата работа. Вашето знаење се продлабочува во разбирање и имате голема логика и природна интуиција, со која може да ги увидите и најмалите пропусти. Остроумност и акција.

БЛИЗНАЦИ: Денес успевате да го постигнете саканиот материјален успех и богатства, па затоа ќе се ослободите од финансиската неизвесност и ќе го осигурате домот, уживајќи со семејството. Доколку сте блокирани во комуникацијата, сетете се дека тоа е поволно за вашиот духовен раст.

РАК: Можно е да се соочите со ситуација кога од вас ќе биде побарано да се откажете од нешто, во име на нешто подобро. Не си дозволувајте да не напредувате поради потребната жртва, иако се чини дека се одрекувате од многу – само така ќе го постигнете посакуваното. Бидете разумни.

ЛАВ: Со Венера во вашиот знак, депресивното расположение полека заминува – не ги игнорирајте советите на пријателите и внимавајте и самите да не кажете нешто неповолно за нив. Ова е прекрасен период за уметност и трговија, но без брзање. Бидете смирени и среќни.

ДЕВИЦА: Имајте во предвид на не брзате никаде денес – брзоплетоста би можела да ви упропасти убави шанси. Соработката можеби е краткотрајна, но си ја заврши својата функција. Дали исходот е вашата цел или сте само фокусирани на задачите пред вас? Прашајте се искрено.

ВАГА: Имате чувство дека работите никако не созреваат – ова може ќе е период со тешкотии, но гледајќи реално, ќе сфатите дека секој тест е некаква лекција. Сега е добро да ги проверите своите мотиви и ако треба, да се повлечете од јавноста. Заведување или измама во сите врски.

СКОРПИЈА: Денес сте успешни, но не ѝ дозволувајте на самобендисаноста и преголемата самодоверба да ви ги упропастат убавите шанси. Продолжете тенденциозно и истрајно и бидете мудри, особено во љубовните врски. Не губете интерес во започнатите работи сега.

СТРЕЛЕЦ: Верувајќи ѝ на својата интелигенција и интуиција се упатувате кон нови и непознати предели. Она што не можете да го смените го оставате зад себе со верба дека во блиска иднина ќе го постигнете саканото. Полека доаѓате до решенија и закрепнувате. Пат и истражување.

ЈАРЕЦ: Денес успевате да загосподарите со ситуацијата и ги имате сите предуслови да се реализирате комплетно. Вашата моќна личност е убедлива и иницирате нови проекти, работа или нов начин на живот. Елоквентна и длабока комуникација со која делувате врз блиските сега.

ВОДОЛИЈА: Успевате да ѝ се спротивставите на опозицијата успешно и да ги одбраните своите ставови и размислувања. Ќе го надминете стравот со голема волја да успеете. Тешкотиите со кои се среќавате ги надминувате со голем хероизам и решителност. Голема внатрешна сила.

РИБИ: Прекрасен ден во кој се чувствувате сосема задоволно од себе и од животот воопшто. Полни сте со креативна инспирација и постигнувате успех, топлина и признанија од останатите. Убав развој на љубовен план, но и во професионалната арена. Среќни сте и верни во љубовта.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]