Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Планетарната слика укажува на одредена конфузија и застранување од вистинскиот пат. Сепак, не дозволувајте си да се мамите на духовен план – езотеричните науки бараат длабоко посветување, а не само плитко истражување и наметнување сила. Вашата интуиција е слаба.

БИК: Можеби се чувствувате заглавено во некоја безнадежна ситуација и не сте во можност да се повлечете. Имајте предвид дека вашите блокади доаѓаат однатре, па бидете подготвени да поработите врз себе наместо врз другите. Надворешниот непријател е само ваша рефлексија.

БЛИЗНАЦИ: Овој викенд е совршен за постигнување на хармонија во приватните, професионалните и пријателските врски. Сега зрачите со радост и среќа и отворено ја покажувате својата верност. Средби со блиските и можни прослави на матурски или свадби.

РАК: Личните врски се акцентирани сега – можни разделби, но и помирувања. Добро е да го истражите квалитетот на емотивниот живот и со голема доза хумор да прифатите сѐ што доаѓа во ваш правец. Бидете зрели и грациозни, полни со разбирање и длабока љубов. Мечти.

ЛАВ: Месечината во Овен отвoра пред вас нова реалност со која доаѓате до големо разбирање за светот, животот и другите луѓе. Сега сте во центарот на овие хармонични збиднувања, па најдете време да им ги разјасните нештата и на другите околу вас. Немојте да сте неодлучни.

ДЕВИЦА: Ова е викенд кога треба да му дозволите на непознатото и таинственото да си го завршат своето на најдобар начин. Не мора секогаш сѐ да знаете, ниту пак да контролирате – тоа е само илузија. Релаксирајте се малку и со верба препуштете им на работите да се одвиваат сега.

ВАГА: За да напредувате според планот, ќе треба да се откажете од нешто. Полни сте со виталност и страст кон животот и се дрзнувате да појдете таму каде штo ниту мудрите не стапнуваат. Апсолутно чесни, бестрашни и креативни, брзате во остварување на желбите. Пат.

СКОРПИЈА: Збунети сте и несигурни, но едно знаете – пред вас стои работа, на внатрешен и надворешен план. Сега сте подготвени да нурнете подлабоко во себе и оттаму да ги извлечете најдобрите решенија. Знаете што е скриено, а со тоа веќе сте решиле половина работа. Искреност.

СТРЕЛЕЦ: Ќе бидете несреќни ако мислите дека сте жртва на некоја неправда. Најдобро е да застанете јавно и да увидите каде е грешката. Соберете храброст и извлечете лекција од сѐ што се случува. Обидете се да отпочнете нова работа, во која ќе имате поголем успех. Одговорност.

ЈАРЕЦ: Веќе некое време сте под стрес и со тешкотии, но ситуацијата почнува да се подобрува. Добро е веднаш да почнете да работите, инаку може да ја пропуштите оваа убава шанса и да постигнете добар резултат. Викендов е идеален тајминг за профит. Можно патување и среќа.

ВОДОЛИЈА: Можен конфликт во непосредната близина, затоа ќе е најдобро да броите и да почекате да не изгорите и вие. Подобро е да го откажете патувањето и да бидете задоволни со исходот на работите сега. Ќе ги победите овие интриги наскоро, остварувајќи ги своите желби.

РИБИ: Можеби се нервирате за некои претходно донесени решенија и одлуки и се среќавате со критика или цензура. Не ѝ дозволувајте на моменталната конфузија да ви ја одземе вашата моќ, туку фокусирајте се на проблемот и ослободете се од незгодната ситуација. Можна пониженост.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]