Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за овој викенд


ОВЕН: Наоѓате ново значење во животот, посматрајќи го низ нова перспектива и гледајќи ја својата приказна на начин како никогаш досега. Месечината во Бик точно ви укажува зошто минавте низ сите искуства и сега го користите токму тоа.

БИК: Месечината во вашиот знак укажува дека денес ќе ја користите својата мудрост – вашите зборови имаат тежина, а вашите дела ги рефлектираат вашите убедувања. Сега сте господар во својата уметност, а тоа ви носи нови почетоци.

БЛИЗНАЦИ: Денес ги проширувате своите активности, наоѓајќи други начини да ја искористите својата дарба. Решавање на проблеми врзани со наследство или правда. Покажете ги своите таленти, но и посветете се на своите пријателства.

РАК: Се ослободувате од еден безбедносен систем од кој што зависевте некое време. Можеби сте разочарани, но сфаќате дека тоа не ви беше доволно и сега сакате повеќе. Време е да изградите нови активности и дојдете до автономија.

ЛАВ: Во фокус доаѓа експресија на вашите таленти, креативност, како и интензивни емоции. Наоѓате нов начин за манифестација на саканото и добро е да се покажете! Верувате ли во својата моќ на заведување? Изненадете се сега.

ДЕВИЦА: Месечината во Бик ве повикува да тежнеете кон комфор, како и да ги научите природните случувања и циклуси. Вежбајте, хранете се добро и преземете грижа за своето здравје, минувајќи време во природа. Стабилност.

ВАГА: Вашата самодоверба се зголемува и доаѓате до привилегирана позиција и статус. Го користите сиот свој шарм и сега тоа има резултат, па шансите да го привлечете саканото се прилично високи. Сега може да бидете горди на себе!

СКОРПИЈА: Транзитот на Месечината во Бик ве повикува на балансирање на енергијата – ги користите личните инструменти за да ги отстраните препреките и наоѓате аргументи со кои ќе се ослободите од стравовите. Ценете се повеќе сега.

СТРЕЛЕЦ: Целосно свесни за својата специјалност, знаење и вредност, со големо чувство ја контролирате својата енергија. Планирајте како да ја аплицирате својата мудрост и повратете си ја самодовербата. Дозволете си романса денес.

ЈАРЕЦ: Обидете се да ги прифатите своите партнери такви какви што се наместо да се обидувате да ги промените. Она што сметате дека е нивен најголем пропуст, може да се покаже како вистински атрибут. Дозволете си комодитет.

ВОДОЛИЈА: Крајот на еден циклус прави длабока трансформација во вас и доживувате своевидна ренесанса. Започнувате нов живот, можеби во друго место, како и некој креативен проект. Романтични средби и ревитализација.

РИБИ: Воспоставување на бизнис, партнерство или некој вид сојуз. Имате поддршка од истомислениците, меѓу кои се крие и вашата љубов. Заеднички напор во некоја нова мисија. Ова е прекрасен ден за постигнување на идеалите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]