Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за овој викенд


ОВЕН:
Ова е период кога ќе ве следи успех, но можно е поради сопствената тврдоглавост да направите грешка и да се отуѓите од оние што обично ви помагаат. Покажете поголема толеранција. Симпатии што ќе ве променат.

БИК:
Се чини дека зборувате многу, а не правите ништо – не зборувајте во име на другите, бидејќи ќе ги повредите нив, но и самите себе. Можеби треба да појдете на лекар. Желбите ќе ви се исполнат, но не како што очекувате вие.

БЛИЗНАЦИ:
Набрзо можете да очекувате огромни промени – не почнувајте нови активности за да не западнете во глупава ситуација. Можеби некој ве озборува. Сепак, не плашете се бидејќи ја имате потребната поддршка од пријателите.

РАК:
Што и да започнете, нема да дава резултати, затоа е добро да почекате на поповолни услови. Водете повлечен живот барем следните три месеци и размислувајте ги своите идни планови. Послушајте совет од некоја жена.

ЛАВ:
Ова е ваше време! Затоа заземете се со работата сериозно – сетете се дека треба да обрнете внимание дури и на најситните делчиња. Не избрзувајте при донесувањето на одлуки за понудите кои ви се дадени или ќе ви се дадат. Сила.

ДЕВИЦА:
Жртвувавте и сè уште жртвувате многу – идеи и замислени чувства кои беа повеќе сурогат и самозалажување. Многу нешта требаше да се откорнат од вашата душа. Раните ќе болат некое време, но ќе имате слобода и независност.

ВАГА:
Сфаќате дека не сте самостојна Кралица, туку дека зависите од другите – а тоа ги вклучува и вашите поданици. Ја користите својата позиција на пријателски и лојален начин, без лажна скромност и страв за својот изглед. Мир. Финансии.

СКОРПИЈА:
На повеќе начини ќе сфатите дека не сте креаторот, туку креираниот – ќе најдете мир и се селите во орбита во близина на вашата вистинска ѕвезда. Добро се чувствувате во својата кожа, која со леснотија ја менувате по неколку пати.

СТРЕЛЕЦ:
Сега бидете особено внимателни, особено во интимната арена – прифатете го она што се случува смирено и ладно, инаку ќе се најдете во незгодна ситуација. Следните недели се поволни за подготовка на идниот попозитивен период. Тајни.

ЈАРЕЦ:
Иако ве следи успех, бидете претпазливи, ситуацијата може да се смени нагло. Продолжете мудро со намерите, но не се занесувајте во интимната сфера. Не грижете се. Многу брзо сè ќе си дојде на место. Вашите желби ќе се исполнат.

ВОДОЛИЈА:
Откако ќе заврши проблемот, ќе сфатите дека портретирањето на самодоверба е само театарска ролја. До вас е да одлучите дали ќе ја задржите улогата или ќе ја пуштите да си оди. Што и да решите, знајте дека ќе биде со поволен исход.

РИБИ:
Конечно делувате со разбирање и сте водени од подлабоки увиди. Вашите дела не се слепо агресивни, туку добро осмислени и водени со убедување. Сега лесно сфаќате колку е лесно да започнете кавга – прво со себе си – потоа со сите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]