Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Месечината од Јарец ве соочува со вашата потемна или скриена страна – занесени сте од некоја убавица и интоксицирани од младоста. Сепак внимавајте, многу скриени влијанија се во акција и вашите расположенија се менуваат рапидно. Темни сили, сензитивност и живи сништа.

БИК: Овој викенд е добро да оставите сѐ зад себе и да ја соблечете својата стара руба. Можни добивки по цена на некоја загуба. Ова може да ви падне тешко, бидејќи тоа е дел од вашето минато и лична структура. Не занесувајте се со сензуални задоволства, туку барајте повеќе сега.

БЛИЗНАЦИ: Некој се плетка во вашите работи и стремеж да пораснете – не мора веднаш да реагирате, одмарајте. Добро е да се прашате дали ги ставате своите потреби пред туѓите. Успешно справување со немирот, болеста и издржливоста. Супер тајминг за релаксација и мир.

РАК: Овој викенд во фокус доаѓаат личните врски – можни раскинувања отколку помирувања. Што и да се случи, имајте добра доза хумор, бидејќи и неуспесите имаат своја убавина – тие отвораат врати за нови можности. Со голема интелигенција ќе се справите со новите вести.

ЛАВ: Се чини дека пред вас се појавува убава шанса која ќе ја дочекате храбро и со голем ентузијазам. Зачнување нова идеја или работа и инвентивност. Вашата виталност се враќа, како и креативноста, плодноста и инспирацијата. По дождот секогаш доаѓа сонце – уживајте!

ДЕВИЦА: Постигнувате баланс и внатрешна хармонија по многу искушенија. Иако е викенд, се појавуваат нови договори, понуди и решенија во корист на сите – искористете ги праведно. Успевате да ги исправите грешките и да продолжите напред. Легалните процедури се фер и ОК.

ВАГА: Пред вас стои промена, сосема можно трауматична и неочекувана. Имајте предвид дека така ќе се ослободите од оковите на минатото и сѐ потоа ќе има нова динамика. Нови почетоци поврзани со животниот стил и вашата свесност. Искористете го овој добар момент.

СКОРПИЈА: Овој викенд е добро да застанете цврсто зад вашите убедувања и да се соочите со можните искушенија. Соберете храброст и соочете се со мнозинството, па колку и да се непријатни. Не бидете неодлучни во важен момент и избегнувајте кавги, заплети и не брзајте.

СТРЕЛЕЦ: Ова е идеален период да се повлечете и да ги обновите своите сили. Во односот со другите, комуникацијата ќе биде најважна – сетете се дека не сме создадени да живееме секој за себе – побарајте помош или поткрепа од другите и така ќе постапите најправилно. Почекајте.

ЈАРЕЦ: Не дозволувајте си да бидете вовлечени во интензивна битка за докажување и повлечете се од можните дебати, игри и други предизвици. Соочување со стресни ситуации кои ќе го извадат најдоброто од учесниците. Натпревар, инает и докажувања – смирете се сега!

ВОДОЛИЈА: Сега е време да се реорганизирате и прегрупирате – дојдете во контакт со своето подлабоко сопство и успехот нема да изостане. Препуштете му се на животот без потребата да проценувате и разберете. Животот е мистерија која треба да се живее, а не да евалуира нонстоп.

РИБИ: Викендот го завршувате во убаво расположение и сосема задоволни од себе. Постигнувате рафинираност и елеганција, а вашата самодисциплина и благородни цели ви ги носат потребната сигурност и стабилност. Мудро користење на своите ресурси и увиди. Исполнување.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]