Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: После празниците имате блага потешкотија да се вратите во реалноста – мечтаење и расфрлање на енергијата на неконструктивен начин и на нереални цели. Внимавајте да не донесете погрешни одлуки кои ќе ги расипат вашите напори. Не земајте лекови на своја рака.

БИК: Денес имате шанса да се сретнете со зрела личност која што е полна со духовен мир и разбирање, а која ќе ве советува добро и со достоинство. Многу веројатно станува збор за женска личност, која е повеќе посматрач и е полна со љубов и разбирање. Релаксација и мир.

БЛИЗНАЦИ: Се чини дека се губите во многу детали за сметка на пошироката слика – не си доволувајте толкав ангажман, кој ќе е на штета на вашиот духовен и личен живот. Не ги повторувајте истите грешки по неколку пати, туку обидете се да научите некои нови вештини.

РАК: Неочекувана случка која ќе направи позитивен пресврт во вашиот живот. Сега имате среќа и за малку избегнувате ситуации кои би можеле да бидат фатални, а тоа ќе ви донесе нови сознанија, просветлување, како и менување на животниот стил. Фокусирајте се на позитивното.

ЛАВ: Сега сте многу блиску до усепшна реализација на плановите, но некој прави силен напор за да не го постигнете . Одбијте да учествувате во нечесни акти, по цена на лична деградација и повлечете се доколку е потребно. Ќе ги исполните саканите работи, но не според замисленото.

ДЕВИЦА: Денес ќе биде добро да послушате пријателски совет – иако наизглед работите се одвиваат поволно, добро е да проверите дали некој буши дупки во вашиот чамец додека вие веслате. Судбината ви е наклонета, но послушајте ги луѓето околу вас, особено постарите.

ВАГА: Гордост и ароганција – не се убедувајте дека целта ги оправдува средствата и не паѓајте на нивото на своите опоненти. Сето тоа е само залудна потрага за лажен престиж и лично возвишување, затоа не ја играјте таа игра. Пријателство зансовано на материјална добивка.

СКОРПИЈА: Ненадејна појава на нова страст во вашиот живот – нова идеја, план или личност со авантуристичка природа која ќе биде катализатор за многу промени. Со голем ентузијазам и имагинација отпочнувате нови ангажмани, кои ќе ги завршите во разумно време и со логика.

СТРЕЛЕЦ: Иако неочекувано, денес ќе извојувате своевидна победа. Соочување со некој предизвик кој ќе бара разум и голема интелигенција за да се реши без употреба на сила. Сега доаѓате до нови идеи и солуции за досегашните проблеми и имате добра логика која ви помага.

ЈАРЕЦ: Внимавајте на преголемата растрошност да не ве доведе до ќорсокак. Можно чувство на осаменост, изолација или болест, а за што ви е потребна утеха. Обрнете внимание на личната заштеда, како и на можната невработеност и катастрофа во бизнис зделките. Почекајте малку.

ВОДОЛИЈА: Одеднаш добивате многу информации, кои се менуваат од момент во момент, но работите се одвиваат поволно за сега. Она што ќе го разберете ќе ви помогне да ја расчистите нејаснотијата и збунетоста во животот, па ќе се придвижите во саканата насока. Решителност.

РИБИ: Денес добро ги држите уздите во своите раце – напредувате со храбра акција и имате голема самодоверба која ќе ве донесе до саканото. Со личен напор, дисциплина и решителност ги балансирате добро сите сегменти од својот живот. Имате моќна привлечност и голема сила.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]