Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН

Полни со страст, убавина и шарм, денес ги освојувате сите. Сепак, обидете се да се воздржите бар малку и не одете во екстреми со својот нагласен идеализам. Љубезни и волни да им помогнете на сите, имате грст на нови идеи во својата глава. Понуда и од друга страна.

БИК

Не му дозволувајте на умот да ги блокира вашите емоции и не се залажувајте. Можна е тензија поради некој минат конфликт – правење на шеми, злоупотреба на довербата и лоши договори, затоа внимавајте. Сѐ се менува, но на крај ќе постигнете сосема добри резултати.

БЛИЗНАЦИ

Денес се здобивате со јаснотија, контрола и мир среде проблематичните ситуации. Вашата интуиција е зголемена и увидувате дека набргу ќе видите резултати за своите напори. Жедни сте за знаење и успевате да ги надминете ситните искушенија, проблеми и препреки.

РАК

Ова е прекрасен ден на повеќе нивоа – се чувствувате богато во материјална и духовна смисла и ја концентрирате својата сила на остварување на вашите желби во однос на работата. Можна средба со важна личност кој ќе ви даде идеја како да напредувате преку храбра акција.

ЛАВ

Набрзо може да очекувате големи промени – дотогаш не почнувајте ништо ново за да не западнете во некоја глупава ситуација. Сега ви е потребна самоконтрола и воздржување. Не дозволувајте да ја дефокусирате својата енергија со конфликти во личните или бизнис-релациите.

ДЕВИЦА

Денес имајте во предвид дека е добро да ги процесирате собраните информации и да штедите малку. Ова е добар период за уметност и креативност, затоа не губете интерес, верба или правец во почнатите работи. Вашите планови ќе се остварат во блиска иднина, почекајте.

ВАГА

Со Месечината во својот знак доаѓате до голем апетит за знаење и логика – не мора сѐ да раскажете, сочувајте нешто и за себе. Денес е добро внимателно да истражувате и да бидете фер и умерени во сѐ. Со својата елоквентност ќе успеете да разјасните многу дилеми. Правда.

СКОРПИЈА

Средба со влијателна личност која може да ги одобри или отстрани вашите планови. Имајте верба во традицијата и старата школа, поддржете ги другите, имајте симпатија и бидете лојални – ќе ви се исплати. Примање на инструкции, учење и добивање на нова инспирација.

СТРЕЛЕЦ

Ова е убав ден во кој ќе успеете да постигнете просперитет и профит, па дури и ќе го споделите со другите. Постигнувате успех и широкоградост во материјалните работи, а својата сила и моќ ја инвестирате во благородни цели. Можеби ќе треба да му помогнете некому.

ЈАРЕЦ

Денес сте бестрашни, инспирирани, отворени и желни за авантура. Конечно се ослободивте од грижите и нервозите. Се среќавате со нови идеи, планови и проекти кои доаѓаат од неочекувани места. Не бидете ноншалантни, екстравагантни и опиени со животот.

ВОДОЛИЈА

Сега е добро да стремите кон свесна приватност – повлечете се, пребројте ги силите и избирајте добри сојузници. Успехот ви е на дофат на рака, но бидете внимателни. Можна е средба со неочекуван гостин кој ќе ве израдува. Постојат шанси и за романса, комфор и луксуз.

РИБИ

Можна средба со позрела личност со добра етика и авторитет. Овој човек е некорумпиран и не го засегаат туѓите емоции. Затоа и вие ќе бидете остроумни, директни и елоквентни во својот говор – искористете ја оваа шанса, инспирирани од довербата и лојалноста.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]