Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Планетите во Јарец ви чинат тешкотии и препреки за кои е добро да размислите како е најдобро да ги отстраните – која е причината што ги предизвикува овие блокади? Што лежи зад тоа? Размислете длабоко и направете нешто конструктивно и позитивно за да ги отстраните.

БИК: Со Сонцето во својот знак, уживате во убав и стабилен период. Имате самоконтрола, трпение и такт кои ви служат при справување со секојдневието. Засега добро ја балансирате духовната и материјална страна на животот. Вашите претпоставени ја пратат вашата работа.

БЛИЗНАЦИ: Венера во вашиот знак ја нагласува вашата романтична природа и денес сте спонтани, весели и разиграни, а исто така, може и да се сретнете со некој чиј дух е на високо ниво. Полни сте со сочувство и имагинација и имате време, како и разбирање за сите околу вас.

РАК: Денес би можеле да чуете вознемирувачки вести кои ќе ви помогнат да се дистанцирате од некоја врска која што дејствува деструктивно врз вас. Сега ви е потребна болно отворена комуникација, но и внимание да не им дозволите на чувствата да ве повлечат надолу. Лаги.

ЛАВ: Сонцето во Бик има бавна динамика, која за сега не ви одговара, па имате чувство дека сте заглавени и дека работите стојат. Не е така, почујте го вашиот внатрешен глас и интуиција и направете ги потребните жртви. Немојте да сте себични и недоверливи, сето ќе мине брзо.

ДЕВИЦА: Денес може да имате чувство дека можеби сте избрзале во нешто и дека будалесто сте се впуштиле во некој потфат чиј исход е неизвесен. Внимавајте на нагласеното нетрпение кое може да ви предизвика дополнителна штета и недоразбирања со другите. Слушајте повеќе.

ВАГА: Успехот и придобивките од него ќе ве натераат да преземете нови и дополнителни одговорности, но прашање е дали ќе можете да се носите со нив. Ќе треба да внимавате на својата сила, како и на благородните цели да не ве скара со својата тежина. Можна тиранија.

СКОРПИЈА: Поради сосема неочекувани случки и причини, се соочувате со катастрофални последици – сето ова може да доведе до одлука за сосема нов животен стил. Сега ви се појасни работите и ќе знаете како да се справите со неуспехот во бизнисот, бракот или вашата кариера.

СТРЕЛЕЦ: Имате потреба да се повлечете во светот на имагинацијата и духовното. Не му дозволувајте на стравот да ве врзе за една личност, поради тоа што не сакате да сте сами. Внимавајте на нагласената несигурност која може да доведе до нечесност, пороци и ексцеси.

ЈАРЕЦ: Планетите во вашиот знак ви предизвикуваат занесеност со материјалниот свет и ве привлекуваат кон физички задоволства – не можете да се воздржите! Потребни ви се моќ и сила, како и финансии за да не живеете врзани во страв. Бидете дискретни во бизнисот и интимата.

ВОДОЛИЈА: Со Месечината во Риби ќе се обидете да постигнете баланс и хармонија во финансиите, а кои ќе водат до позитивна трансформација. Видете што е приоритет засега и приспособете се кон потребното. Пред вас претстои можна промена на работата или селидба.

РИБИ: Работите се менуваат и сега е добро да бидете поотворени за овие промени – еден дел од вашите убедувања се покажаа неисправни и неточни, па најдобро ќе биде да го напуштите тој вид размислување. Ослободување од минатото и нови почетоци. Храбро се менувате.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]