Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите денес


ОВЕН: Денес се здобивате со позиција која ќе ве одведе до стабилност и ќе ви отвори шанси за развој на други способности. Промена во активностите и рутината. Стабилност во афективниот сектор. Здобивање баланс и сочувствителност.

БИК: Ова е момент за акција и означува започнување на важен проект за лично исполнување. Ќе ви биде потребна сила за да ги искористите своите специјалности. Проширување во бизнисот. Набавки, испити или натпревари.

БЛИЗНАЦИ: Се појавуваат шанси кои ќе ви помогнат да ги завршите сите свои обврски и се посветите на реставрација на својата сила. Идеален период за одмор, патување, контакти со странци, ни и за селидба, учење и нови стратегии.

РАК: Месечината во вашиот знак ве учи како да истраете и да издржите во креирањето на сигурност, како и во штедењето со цел да инвестирате во своите идеали. Свесни сте за своите ограничувања, затоа сочувајте ја својата енергија.

ЛАВ: Чудни коинциденции се случуваат, а кои ве прават посвесни за животот околу вас. Сега јасно ја гледате својата иднина и сметате дека никогаш не сте се изгубиле од патот. Универзумот обезбедува многу случки за судбински средби.

ДЕВИЦА: Шанси за исполнување на професионалните аспирации, како и влијателен човек кој може да ви се најде многу. Размислете за кариерата и започнете го она што го одолговлекувате некое време. Дефинирајте се себе си.

ВАГА: Го префрлате своето внимание на себе поради низа на кармички случувања – по малку сте истоштени. Оставете ги другите на страна и обрнете си поголемо внимание на самите себе и на своите проекти. Заслужувате најдобро!

СКОРПИЈА: Незадоволни поради повеќе работи во животот, сфаќате дека треба да делувате за да го скршите овој магичен круг. Сега е време за акција – посветете се на своите идеали, планови и цели. Предизвикувајте, но тивко!

СТРЕЛЕЦ: Олеснување по постигнатите напори, како и ослободување од несигурноста. Успешно привршување на некој проект и решавање на долгорочните проблеми. Внимавајте во интимниот живот и балансирајте во сè.

ЈАРЕЦ: Работевте многу и затоа и постигнавте многу, но сфаќате дека сè уште има потенцијал за нови остварувања. Затоа, препуштете се храбро и поставете нова рутина, работа или патоказ. Стабилност во романсата и блиските врски.

ВОДОЛИЈА: Имате многу таленти, но како да нема шанса да ги манифестирате. Сепак, денес еден од нив се издвојува и тоа ќе ви помогне да ги искористите сите свои дарби на кохерентен начин. Чувство на внатрешно разбирање. Сила.

РИБИ: Ја пронаоѓате својата есенција, како и таленти и дарби кои учите да ги користите. Месечината ви помага да уживате во себе и друштвото на своите пријатели – така заедно растете и се здобивате со големо знаење сега.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]