Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите денес


ОВЕН: Планетите укажуваат дека денес учите да се изолирате од туѓите проблеми и мислења. Сфаќате како се вплеткавте во непотребни работи. Затоа решете ги недоразбирањата и повлечете се ако треба. Наоѓање нови солуции.

БИК: Денес не сакате да зависите од никој – имате сè што ви е потребно да бидете среќни! Сфаќате дека повеќе не зависите од некои луѓе и ситуации, па затоа распуштате сè што треба да замине од вашиот живот. Промени и слобода.

БЛИЗНАЦИ: Со добро чувство за околината во која сте, успевате да се заштитите од критиката на оние што не ве прифаќаат такви какви што сте. Креативност, романса, флертување – сега сте чувствителни, но и оние околу вас.

РАК: Растреперени и полни со емоции, едвај чекате да ги споделите со некој. Експанзија во чувствителноста, сензитивноста и креативноста – ја покажувате својата уметност и развивате нови врски. Задоволство, патување и романса.

ЛАВ: Се поврзувате со околината на уникатен и чист начин – го имате она што им е потребно на луѓето и тие ви се благодарни за вашата широкоградост. Ќе дадете сè од себе да ги покажете своите таленти и способности. Животен проект.

ДЕВИЦА: Спремни, силни и со обновена сила, се посветувате на конкретни работи – мотивирани сте и имате енергија. Бидете храбри, вредни и вклучете ги рацете во мануелна работа или спорт. Подмладување во друштво на младите.

ВАГА: Со Венера во вашиот знак ги консолидирате интимните врски, како и професионални партнерства и ја сфаќате својата лична вредност. Уживате во друштвото на пријателите, како и на познатите од минатите години. Естетика.

СКОРПИЈА: Ги добивате најновите алатки со кои ќе се спремите за нови можности – Универзумот ви обезбедува неочекувани шанси. Прашајте се што треба да се подобри во вашиот живот? Патувајте, учете јазици и нова вештина.

СТРЕЛЕЦ: Денес се давате сесрдно и ги користите своите специјалности, па на тој начин ја регенерирате својата енергија, бидејќи тоа ве исполнува. Отворете го умот и срцето и здобијте се со признанија, пари и љубов. Посматрајте сега.

ЈАРЕЦ: Развивате нов карактер и ги обновувате социјалните контакти, вклучувајќи ја својата креативност и уметност. Го редефинирате начинот на кој што се претставувате себеси, за да ги искористите подобро своите потенцијали.

ВОДОЛИЈА: Сега е добро да размислите за своите цели и да се фокусирате на себеси. Нема потреба да давате и да добиете за возврат повеќе. Решете ги проблемите поврзани со правото и законот и потоа посветете си се на себеси.

РИБИ: Експонирајте се и покажете од што сте направени, кои сте и колку вредите. Прифатете се, соберете ги потребните алатки и покажете ги своите таленти. Бидете сензитивни, дејствувајте, па потоа најдете време за одмор. Резон.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]