Хороскоп: Што ве советуваат денес ѕвездите?


ОВЕН: Слабост при соочувањето со тешкотиите и противниците – огромна сила пуштена во погрешен момент и немоќ да се одбраните себеси. Конфузија и неподготвеност. Слаба физичка сила и истоштеност, како и доминантен однос.

БИК: Внимавајте на склоноста кон ароганција, поради постигнатите успеси во минатото. Дрскост и лажна гордост во безначајни постигнувања. Имате страв од неуспех, здружен со лажни надежи. Фрустрации поради одолговлекувањата.

БЛИЗНАЦИ: Трикови, демагогија и умешни измами – користење на знаењето и талентите поради себични придобивки или деструктивни цели. Злоупотреба на технологијата, како и некомпетентност и несигурност. Немање волја и грешки.

РАК: Ве фаќаат носталгија и осаменост, како и несигурност. Сега е важно да останете фокусирани на она што го имате и да бидете благодарни за тоа. Што и да е погрешно во животот, секогаш има простор за броење на благословите.

ЛАВ: Одбивате да преземете поголеми одговорности од оние кои веќе ги имате. Успевате да го извлечете најдоброто за себе покрај сè и носите големи решенија во своја најдобра полза. Внимавајте на физичката сила и продолжете.

ДЕВИЦА: Успевате да постигнете баланс и хармонија среде променливите услови и трансформација. Го менувате приоритетот на проектите и целите во животот и успевате да постигнете ред и дисциплина. Промена во работата и пат.

ВАГА: Сега е многу веројатен успех, но постигнат преку лична деградација. Сепарација од пријателите поради нечувствителна или искалкулирана акција. Привремена победа обоена со нечесност, која ќе овозможи конечен пораз.

СКОРПИЈА: Се чини дека сте опкружени со љубов и внимание, но како да го сфаќате тоа здраво за готово. Го игнорирате реалното копнеејќи по недефинираното. Апатија и незаинтересираност од развојот на работите. Немоќ.

СТРЕЛЕЦ: Денес го отворате своето срце за едноставните задоволства во животот. Можна е средба со стари пријатели, како и убави сеќавања и разиграна прегратка на љубовта и животот. Сексуална невиност и младост.

ЈАРЕЦ: Можна криза, сосема неочекувана – експлозивна ситуација која се заканува да ги консумира сите оние кои ќе се приближат премногу. Најава за некаква инвенција и пресврт. Имате голема виталност, креативност и плодност.

ВОДОЛИЈА: Добивате чувство дека сте заглавени во некоја безизлезна ситуација и дека не сте во можност да се повлечете. Пркосење кое ви е тешко да го прифатите. Внимавајте да не бидете вовлечени среде нечија очајна и итра игра на измама.

РИБИ: Моќна сила, здравје и физичка стабилност. Наплив на огромна енергија, како и реконвалесценција од болест. По периодот на страв, се здобивате со чувство на победа. Надминување на тешкотиите и издржливост. Реализација.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]