Хороскоп: Што велат ѕвeздите за денес


ОВЕН: Се појавува потреба да избегате од ситуациите што ве притискаат – постојат работи што се надвор од ваша контрола. Можеби имате чувство дека се будите после долг сон и ви треба време да си дојдете на свое. Можна е загуба додека се свестите, па потоа добивка.

БИК: Љубезноста ве одминува, но нема потреба да трчате по другите и барате нивно одобрување. Самопотврдувањето е она кон што треба да целите кога барате вистинско признавање. Можеби сте отпишани од другите, како да нема што да си кажете повеќе. Ново друштво.

БЛИЗНАЦИ: Доколку имате во изобилство, сетете се да го споделите тоа со другите. Месечината во вашиот знак дава двојно ветување и меѓусебна зависност во давањето и примањето. Можеби чувствувате дека нешто завршува, но сетете се дека пред вас постои иднина

РАК: Се чини дека работите си доаѓаат на место – директниот Марс ги придвижува работите и сега може да очекувате успех. Средете ги работите во телото, говорот и својот ум и веќе сте добиле пола битка. Успех на три нивоа – љубов, работа и здравје. Среќа.

ЛАВ: Приоритети – ставете ги во ред работите, правејќи листа на приоритети. Кога ќе се појави вистинска потреба, напуштете сè и појдете по неопходното. Одбијте другите да ви диктираат и да ве одвлекуваат од работите што ви значат. Ќе се изненадите од понудената помош.

ДЕВИЦА: Повик за акција – спремете се! Ова не е почеток, но самиот моментум пред почетокот. Сите препарации треба да се спремни, бидејќи може да бидете повикани во секој момент. Доколку некој ве користи, отстранете го од себе. Внимавајте на здравјето. Одмор.

ВАГА: Мерите и балансирате во сите околности и ситуации денес. Јасно дефинирајте што сакате и така олеснете си себе си. Дали сакате повисок статус, љубов или моќ? Ова е сепак добар период, но не заборавајте да го споделите со другите. Забава и радост.

СКОРПИЈА:
Имајте во предвид дека штом моќта почне да расте и да се наметнува, луѓето почнуваат да си заминуваат. Дефинитивно постои потреба за воздржување. Ќе има застои, но затоа разгледајте ги своите планови внимателно. Со сила убавина не бидува. Трпение.

СТРЕЛЕЦ: Без оглед на сè, животот продолжува прекрасно. Секој вид на стрес, анксиозност и страв мора да биде задржан во прегратката на оваа реализација. Прашајте се кои се вашите најдлабоки потреби и нурнете длабоко во себе. Таму ќе ги најдете сите одговори.

ЈАРЕЦ: Сега е добро да го следите патот кој што го познавате и што сте го означиле за себе. Правото на водство е базирано на искуство и знаење со авторитет. Постои шанса за некаков договор, но не се отворајте целосно. Оставете малку простор меѓу вас и партнерите.

ВОДОЛИЈА: Можеби сте премногу уплашени меѓу луѓето или се грижите дека никој нема да ве забележи. Застанете малку и не плашете се. Другите ќе ве најдат, бидејќи шумата знае каде се наоѓате. Контролирајте ги емоциите и изгледајте коректно. Тоа е вашата заштита сега.

РИБИ: Сè што светка не е злато и на крајот од виножитото ве очекува ред и знаење, низ кое вашата душа ќе најде смирување и ќе се стокми на едно место. Чувајте ги своите идеи претпазливо и чекајте вистински момент за дејствување. Отворете четири очи. Нови шанси.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]