Хороскоп: Што велат ѕвездите за четврток?


ОВЕН:
Потребата да им се најдете на другите е зголемена и среќни сте што ќе можете да помогнете. Убаво е што сте непристрасни и ќе знаете да се усогласите со останатите, како да сте во мал црковен хор кој спрема мелодија. Дајте донација, а доколку дојдете до конфликт, прашајте се која е вашата улога во тоа.

БИК:
Доаѓате до заслужени признанија и поаѓате во нов правец, знаејќи дека постојат алтернативи. Спремни сте да му дадете нова форма на животот со Месечината во Риби: агонијата останува зад вас и сега ќе може да ја покажете својата раскошна личност. Вие не сте сведени на еден елемент, туку на ризница од таленти. Употребете ги!

БЛИЗНАЦИ:
Напредувате на општествен план: средби и уживате во забавата, како самовили во ноќ осветлена од Месечината. Средба со интересни личности кои се волни да ги унапредат вашите идеи и да им дадат конечен печат. Имате поддршка од Венера во Јарец и ситуацијата е поволна за конструктивни решенија. Финансиски успех.

РАК:
Нема потреба да брзате да ги исправите грешките од минатото: јасно е колку време е посветено во сето тоа. Не се враќајте назад и не глумете жртва, ова не е период за мачеништво, туку за реализам. Не може вечно да ги миете рацете од сопствените дела, некои работи се и повеќе од очигледни. Бидете ефективни и размислете за промени.

ЛАВ:
Бидете трпеливи и ќе успеете да им се посветите на сите полиња непристрасно: љубовта, секојдневните навики и режими, партнерските врски, но и заедничките финансии и патувања. Вие го можете ова и има на кого да се потпрете: имате своја мрежа на пријатели, која што е поблиска и од семејството. Доверливост.

ДЕВИЦА:
По период на одрекувања и борби за доминација, од денес натаму влегувате во напреден и значаен период. Повеќе надворешни фактори укажуваат дека вашата експертиза е потребна и дека ова е момент да ја разголите својата душа во сиот спектар на бои. Како виножито. Бидете спокојни и среќни. Вашето време допрва доаѓа.

ВАГА:
Вашиот шарм повеќе не може да се сокрие: како подотворено писмо од кое се читаат љубовните пораки. Во ова инвестиравте многу, ако не и речиси цел живот, затоа искористете го овој потенцијал и покажете колку вредите. Со ретка самодоверба ги коригирате општествените рамки. Тука мора да има закон, а тој да ѝ служи на правдата.

СКОРПИЈА:
Ова е ден за забава: вашите домашни едвај чекаат да минат некој забавен момент со вас. Барем на ова поле не би требало да штедите, ниту време, ниту финансии, туку да ги љубите имајќи слух за нивните најинтимни потреби. Без апатија, време за одмор ќе има. Бидете малку самокритични и ќе научите нешто ново за себе.

СТРЕЛЕЦ:
Точно е, Јупитер во вашиот знак потврдува дека го направивте најдоброто за непосредното друштво и семејство и, иако дојде до натпревар, тој го извлече најдоброто од учесниците. Сатурн во Јарец бара да сте сериозни за да може да ги продолжите проектите. Барајте начини да ги вклучите сите поединци. Промовирајте ги сега.

ЈАРЕЦ:
Треба да знаете кога е време да се повлечете и да ја процените реалната состојба. Дали сте објективни? Венера во вашиот знак ќе го продлабочи вашето знаење и ќе одлучите да попуштите, сфаќајќи ги класните разлики. Дајте донација или слушнете ги подобро оние кои што немаат: ќе сфатите дека имате уште многу за учење.

ВОДОЛИЈА:
Од вас беше побарана промена и сега сте пред сигурен брег за вкотвување. Некои од вас се разбудија на првите труби, а другите допрва ги слушаат: време е за промени, можеби друга шанса нема да се појави наскоро. Имате зрели идеи и време е да ги споделите со светот: како природен мистик, кој што има магично стапче.

РИБИ:
Време за разбивање на конфузијата и соочување со реалноста: Марс во Овен ви нуди креативен проект, за кој знаете дека може да заврши славно. Или? Можеби ќе понирате како авион што паѓа од голема височина. Како ќе го изведете ова? Време е за тимска и стручна соработка. Не сте тука сами. Споделете ја славата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]