Хороскоп: Што велат ѕвездите за празникот


ОВЕН: Маските паѓаат и вистината излегува на површина – откривањето на подлабоката вистина прави место за внатрешна истрага – со голема интуиција доаѓате до важни информации. Во личната сфера е добро да го спуштите гардот и да ја откриете својата ранлива страна.

БИК: Можеби ќе се сретнете со некакви тешкотии или нејаснотии, а поради што може да направите погрешни чекори. Застанете и почнете да се прашувате што од сето ова е вистина. Зборувајте вистина, размислувајте за подлабоките вистини и така ќе добиете предност.

БЛИЗНАЦИ: Како да сте на афтерпарти – моментот потоа. Сега навистина ги гледате работите онакви какви што се. Во интимната сфера прашајте се дали постојат вистинските елементи за подлабока врска. Професионалното поле бара инвестиција во основните работи. Направете листа и планирајте.

РАК: Знаете дека вашата цел е таму некаде, таму надвор, но некако не можете да го пронајдете патот до неа. Треба добро да осмислите како да ги отворите своите порти и да им дозволите повторно на луѓето да ви се приближат. Каде избрзавте минатиот пат? Грешката е ваша.

ЛАВ: Месечината во Скорпија ги подгрева вашите страсти, но нема да постигнете ништо ако брзате. Процесот е природен и бара време, а инсистирањето на итност ќе ги упропасти убавите шанси. Повлечете се во удобноста на својот дом и добро размислете за сè од дистанца.

ДЕВИЦА: Празничната пауза ќе ви донесе можност да ги направите вистинските контакти и повици – сега е добро да ја завршите работата, за да имате прогрес во непосредна иднина. Убав период во кој уживате во добра среќа и просперитет. Не плашете се сега, промените се идеални.

ВАГА: Сокриените работи излегуваат на површина, како некој деликатен парфем кој испарува од своето шише. Сето ова е со трајно влијание, но подобро е вака, отколку да потиснувате во себе и да криете. Бидете внимателни околу чувствителните теми. Имајте такт.

СКОРПИЈА: Три планетарни тела во вашиот знак го будат вашиот порив да преземете нешто, но вашето време сè уште не е дојдено. Ќе треба да причекате уште малку за својот прв лет. Бидете мудри и послушајте го гласот на интуицијата дека е подобро да се чека. Сè во свое време.

СТРЕЛЕЦ: Убав период, во кој спонтано ги изразувате емоциите. Можна е и нова романса. Не гледајте кон минатото, туку проширете ја својата социјална средина. Покажете ги своите емоции и прикажете ја својата умешност. Поработете врз својата уметничка и имагинативна страна.

ЈАРЕЦ: Во фокус доаѓаат пријателствата, а со нив и предизвикот да се обезбеди потребната помош и нега, но и да се остави место за индивидуално размислување. Убав период за правење на стратегија – вашата моќ за убедување е мошне силна сега. Прецизност.

ВОДОЛИЈА: Со самото утро сфаќате дека ништо повеќе не е исто – сè е сменето! Транзитот на Месечината во Скорпија ги буди вашите страсти, но ова не е добро време за реагирање. Почекајте малку и преспијте ја темата, а потоа преземете целосно свеж пристап кон проблемите што ве мачат.

РИБИ: Планетарната ситуација укажува на потребни компромиси, како би дошле до саканото. Сепак имајте во предвид што е она околу кое не би правеле никаков компромис. Тоа е мотивацијата која ќе ви помогне да истраете на својот пат низ животот. Време за медитација. Почекајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]