Хороскоп: Што велат ѕвездите за понеделник


ОВЕН:
Месечината во Скорпија укажува на средба со некоја интуитивна личност, која може да го одземе вашиот здив! Во соработка со неа би можеле да дојдете до богати ресурси, но само ако сте доволно внимателни и почекате таа да ви се отвори во сопственото време. Откривате нови црти во својата личност. Не брзајте!

БИК:
Како да се наоѓате под закрилата на некој огромен шатор: имате поддршка од Сонцето во Водолија и тоа во лик на човек на егзекутивна позиција. Месечината од Скорпија бара од вас да го приспособите своето темпо, за да може сосема добро да ги искористите поволните аспекти. Најдете ја вистинската пропорција.

БЛИЗНАЦИ:
Ова е време за невиност: планетите од Водолија ја потенцираат вашата весела и пријателска природа и би сакале да ги ставите сите под својата закрила. Сега веќе нема место за заткулисни игри, нека остане тоа во минатото и на тој начин ќе успеете да поставите поздрава основа која ќе го издржи тестот на времето. Среќа.

РАК:
Иако сакате да напредувате пријатели, сепак денес ќе треба да научите да се повлечете за да ги научите скриените причини на последиците во реалноста. Нема потреба за брзање, времето ви е најдобар сојузник сега. Осамете се за медитација и вратете се освежени. Минатото треба да остане таму: во минатото.

ЛАВ:
Влезени сте во длабока развојна фаза: Сатурн во Јарец го поттикнува вашето зреење и, без оглед со колку тешки задачи се носите, успевате да се издигнете над другите, та дури и да се надминете и себе си!Ова е време со зголемена интуиција и ќе треба свесно да избегнувате шпекулации и брзи реакции. Верувајте повеќе.

ДЕВИЦА:
За да избегнете можен колапс, користете ја својата позиција на пријателски и лојален начин и ќе го надминете ова превртливо време. Динамиката на денот може да е непредвидлива и да има застои, но ако сте вие смирени во себе и не брзате никаде, ќе успеете да стигнете на саканата цел. Правење на приоритети.

ВАГА:
Не е време за плачење, ниту за неподвижност. Добро, ако веќе сте одлучиле да мирувате, размислувајте за мистериите на животот и медитирајте. Добро е да се прашате дали сè уште го имате потребниот баланс за да се износите со ситуацијата. Можен е пат, но ако не патувате, барем заминете си со дигнитет. Олеснување.

СКОРПИЈА:
Денес сте во позиција да постигнете бесмртност: од вас извира необична сила, која ќе ја обликувате вешто како скулптор. Можеби нема веднаш да дојдете до резултати, но тие нема да изостанат. Внимавајте на нагласената сензитивност и обидете се да ги синтетизирате информациите до кои што доаѓате. Избегнувајте провокации.

СТРЕЛЕЦ:
Времето за ноншалантност завршува, но тоа не значи веднаш да западнете во апатично расположение. Шанси има, иако вие најмногу би се одмарале. Нема никој да дојде и да ви ги врачи туку така работите, како на послужавник. Ако идете на пат, спремете се добро, особено на финансиски план. Потребен ви е баланс.

ЈАРЕЦ:
Би можеле да дојдете до некоја ситна добивка, но само преку нечесни напори. Ова е силен акцент на денот, затоа очекувајте неочекувани работи и нагли пресврти. Ќе се зачудите од брзината на информациите и од шансите со нов потенцијал. Имплементацијата на овие промени ќе бара интервенции. Сериозност.

ВОДОЛИЈА:
Провокативната ситуација мора да заврши, најдете начин да ги помирите спротивставените тенденции! Ова е прекрасен ден за постигнување на вистинска интегралност, но исто така научете и кога да се повлечете. Вистинскиот воин може да се врати во борба само откако ќе ја реставрира својата енергија. Бидете мудри.

РИБИ:
Месечината од Скорпија ве поврзува со пријателите: дел од нив се со интимна природа, а дел со друштвена. Заборавете на тоа дека успехот е единствено поради вашата заслуга и дајте им предност на другите. Ова е време за понизност, за не за самовеличање. Анализирајте повеќе и правете рационални промени.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]