Хороскоп: Што велат ѕвездите за петок?


ОВЕН:
Сега е добро да се повлечете и да дојдете до посигурни води. Нема потреба да се ставате во ситуација на давеник ниту да говорите повеќе од потребното. Бидете понизни и не брзајте, работите се во латентна фаза. Успехот за сега е невидлив, но не значи дека е надвор од дофат: бидете флексибилни и трпеливи. Имајте такт.

БИК:
Прекрасна глетка, да се види како повторно работите се вртат во ваша полза: нечистото ќе се избели, а белото ќе стане темно и така се затвора еден кармички круг. Покажавте што значи трпеливост и сега е време за вашите таленти и идеи со благородна природа. Ова е време за успеси, инспирација и љубов.

БЛИЗНАЦИ:
Повеќе аспекти укажуваат дека сте спремни за подучување, кое се базира на вистинско и длабоко знаење. Добро ги разбирате трендовите во светот и знаете како да влијаете врз овие игри. Месечината од Риби ја нагласува интуицијата и точно ќе знаете што и кому да кажете. Господарите со комуникацијата на вешт и интелигентен начин.

РАК:
Некритичкото размислување ве доведе до дефанзивна позиција: Венера во Јарец ви нуди конструктивни и зрели решенија, но вие не сте во состојба да ги чуете. Ако ги сфаќате работите премногу лично, неминовно ќе дојде до опсесија, невроза и внатрешен колапс. Обидете се да го смирите нервниот систем и видете меки со себе.

ЛАВ:
Одеднаш се случуваат толку многу работи и веќе не знаете што е реалност, а што не и која е тенката линија помеѓу љубовта и омразата. Бидете безгрижни пријатели, вие сте толку мудри и може да се сметате себе си за среќна личност. Сега може да го финиширате започнатото и да ја надминете конфузијата и летаргијата. Нова фаза.

ДЕВИЦА:
Времето за генерални проби завршува и денес веќе имате материјал со кој што ќе се претставите. Работите се движат по нагорна линија и пред вас се отвораат шанси, како да сте стапнале на црвен тепих. Вашите напори ќе бидат наградени и ќе покажете од што сте направени. Храбри, интелигентни и методични, правите прогрес.

ВАГА:
Од вас се бара да бидете практични, колку и невозможно тоа да звучи. Можеби постои блага конфузија, затоа застанете и сфатете дека ова е екстремно важен период. Сатурн во Јарец бара сериозност и лојалност, како и чувство за поволен тајминг: точно ќе знаете кога да дејствувате. Она што е важно денес е да бидете истрајни и трпеливи.

СКОРПИЈА:
Меки и нежни влијанија од Месечината во Риби и се среќавате со наплив на свежа енергија. Имате атрактивна идеја, која ќе треба да ја претставите решително. Можеби убедувањето ќе трае подолго од очекуваното, но вреди да се испробате. Најдете време за саканите и појдете на кратка прошетка. Смирете го духот.

СТРЕЛЕЦ:
Планетите во Јарец ќе ве доведат до ситуација да барате совет или да добиете егзекутивна позиција. Имајте во предвид дека пред вас е долга и напорна работа, која што ќе треба да биде расподелена еднакво и во име на сите засегнати страни. Бидете широкогради, како дама која што чека да дојде нејзиниот брод.

ЈАРЕЦ:
Венера е толку љубезна со вас: можеби сметате дека немате љубов или ви фали нешто, но ако размислите подобро ќе сфатите на каков мистериозен начин се одвиваат работите. Како небесна симфонија која што само ретките можат да ја чујат. Бидете отворени за овие феномени и љубете повеќе. Благодарноста ви носи нови шанси.

ВОДОЛИЈА:
Воздржете се малку, бидете прибрани и понизни како монах кој што носи запалена свеќа. Внимавајте на нејзиниот пламен и грижете се да не згасне. Имајте слух за колективот и вложете се повеќе во своите проекти: интимни и професионални. Сега ќе треба да покажете дека луѓето можат да се потпрат на вас. Таленти.

РИБИ:
Марс од Овен ве повикува да побрзате: сега не е време да го следите своето темпо. На вас чекаат луѓе кои би сакале да направат тим или да го растурат, доколку вашите идеи не се со прогресивен карактер. Сега е време да ѝ служите на заедницата и да ги покриете нејзините потреби. Менувајте ги застарените шеми. Без емоции.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]