Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: После долг период на тешкотии, се приближува времето за успех – ќе добиете сè кон што целите! Можеби ќе појдете на далечно патување. Ако не, очекувајте среќа во сферата на работата, науката и љубовта. Набрзо ќе може да ја преземете улогата на лидер.

БИК:Имате потреба за свесна приватност и сакате да се повлечете во осаменост. Понекогаш наликувате на генерал кој што посматра кога да нападне, но бидете внимателни и добро избирајте ги соработниците околу вас. Успехот е можен, но само доколку внимавате.

БЛИЗНАЦИ:Во моментов, вашето однесување треба да е љубезно и учтиво, пријателско и воздржано. Фокусирајте се на себе си и внимателно разгледајте ја својата позиција. Изразете го своето почитување кон претпоставените. Сега тоа ќе помогне. Неочекувана случка.

РАК: Ова е убав ден во кој ве чека среќа, но ќе внимавате да не навредите некој и ги налутите своите пријатели. Еден ваш близок пријател ќе има силно влијание врз вас денес и ќе ве натера го смените својот став кон него или неа. Не провоцирајте завист кај другите.

ЛАВ: Можеби се чини дека потклекнувате под тежината која што ја носите, но наскоро ќе се свестите и ќе ја преземете старата позиција. Бидете умерени и ослободени. Поради повеќе причини, а најмногу финансиските, се чувствувате засрамено. Помошта доаѓа.

ДЕВИЦА: Најлошото е веќе минато, иако некои тешкотии остануваат. Учествувајте во генералните цели, бидејќи успехот ќе го најдете соработувајќи со другите. Извршувањето на задачите многу зависи од предноста и советите кои што ви ги даваат претпоставените.

ВАГА: Месечината во Овен ви предизвикува одреден немир и имате чувство дека луѓето околу вас се намерно малициозни. Смирете се и не лутете се, ситуацијата набрзо ќе биде добра. Некоја жена ве нервира и ви е тешко да најдете сојузници. Внимавајте и молчете.

СКОРПИЈА: Доаѓа до проширување во социјалната арена, како и нов начин на кој што ќе ги претставите своите квалитети. Отпочнете нова кариера. Започнете нова врска и пријателство. Романса и емоции. Препуштете му се на срцето и тоа ќе ве води до најубав заклучок. Надежи.

СТРЕЛЕЦ:Екстремно успешен период, на сите полиња и околности. Постигнете ја својата цел храбро, но истовремено бидете претпазливи да не навредите некој од блиските пријатели. Колку повеќе ќе се трудите, толку повеќе ќе постигнете сега. Дружете се и забавувајте.

ЈАРЕЦ: Ќе добиете неочекувана порака или ќе бидете посетени од неочекуван гостин. Внимателно избирајте со кого ќе се зближите и ќе уживате во интимата. Периодов е поволен за романса. Сепак, имајте во предвид дека некоја личност може да ви здодее. Добри намери.

ВОДОЛИЈА: Доаѓате до истакната позиција и како да не можете да се смирите додека сте на врвот. Сега е потребно да бидете решителни и мудри, бидејќи ве очекуваат промени во следните шест месеци. Желбите нека ви бидат разумни и скромни, па ќе се исполнат сите до една.

РИБИ: Чувствувате како сè околу вас се менува и движи, затоа во моментов немате висока самодоверба. Откако ќе размислите и ја смените својата перспектива, шансите сами ќе се отворат пред вас. Околностите ќе се сменат кон подобро. Смена на скорешните планови.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]