Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Месечината во Близнаци ве става во движење: како вулкан во ерупција, од вас извира неверојатна сила! Можеби и малку подинамична отколку што сакате. Планетите потврдуваат дека инсистирате на независност, а тоа не иде рака под рака со плановите на љубените. Размислете добро како да го постигнете вистинскиот баланс.

БИК: Конечно ја постигнувате саканата позиција: господарите во комуникацијата и ја покажувате својата моќ. Започнување на комерцијални активности и трансакции: конструктивно ја употребувате својата креативна сила. Знајте дека сте под окото на јавноста, затоа почитувајте ја конвенцијата и уживајте во долготраен мир и среќа. Убавина.

БЛИЗНАЦИ: По малку осамени, планетите во Риби ви кажуваат дека треба да се заштитите и бидете потаинствени: ова е ден за комуникација, но потребно е да го смените својот пристап и да сте понеутрални, ако сакате да постигнете нешто на романтичен план. Во работата покажувате голема доза на логика и трпеливост: стигнувате на време!

РАК: Ако ја анализирате својата ситуација подобро, ќе сфатите дека сте на праг на големи трансформации: иднината е неизвесна и имате уште многу за одење. Промените кои што се очекувани во однос на работата и љубовта се случуваат, можеби бавно, но сепак ги има: доколку не знаете каде одите, никогаш нема да стигнете! Планирајте..

ЛАВ: Денес го разоткривате својот раскошен шарм, посветувајќи им се на пријателствата и целите со благороден карактер: откријте ги ретките таленти и направете долгорочни промени. Доколку се двоумите, би можеле да изгубите. Анализирајте повеќе и научете како да ја искористите енергијата на мирољубив начин. Разиграност.

ДЕВИЦА: Во фокус доаѓаат повеќе важни сектори: домот, креативните проекти и деца, како и дневните навики и партнерства. Сега се случуваат промени на општествен план и потребен е фундаментално различен пристап кон овие полиња. Ретроградниот Меркур ви ги укажува нужните корекции во животниот стил. Бидете истрајни.

ВАГА: Планетите во воздушните знаци го збогатуваат друштвениот живот: денес сте полни со енергија и разлетани како ретка пеперутка, на која што не може да ѝ се фати крајот! Отворени сте кон другите и тие ви се обраќаат, уживајќи во суптилните досетки од ваша страна. Фрлете го погледот на лево-десно и можеби ќе се заљубите. Среќа.

СКОРПИЈА: Со транзитот на Месечината во Близнаци сфаќате дека сите шанси се отворени, оној момент штом престанувате да се лажете себе си: најдете време да се едуцирате и истражите метафизичките теми. Ова не е време за мачеништво и критицизам, туку за разбирање на туѓите потреби и желби. Верувајте ѝ на интуицијата! Амбиции.

СТРЕЛЕЦ: Со Јупитер во својот знак треба да знаете дека ова е година на важни случувања: грандиозни шеми, авантури и патувања. Секако тука има и многу страсти, но и идеи поврзани со бизнис секторот. Ова ви одговара и работите врз развивањето на својата личност, како и на односите со другите. Запаметете дека е најважно да бидете единствено трпеливи.

ЈАРЕЦ: Нов развој на работен план: ќе ја постигнете саканата слобода, само ако сте спремни да се соочите со тешкотиите директно. Веројатни се одолговлекувања и проблеми кои бараат истрајност: замислете се себе си како да носите вода во рацете и сакате да стигнете на другата страна на просторијата. Дишете тивко и бидете стабилни.

ВОДОЛИЈА: Чуден спој на мрзеливост и желба за промена: се прашувате дали е подобро да сте сами и несреќни или да сте со некој и да го споделите тоа? Сфаќате дека најголем фактор во политиката е стомакот и со таквата самокритика ќе си помогнете да се подобрите. Научивте лекција, сега не очајувајте, туку бидете трпеливи. Истрајте.

РИБИ: Убави влијанија и динамични случки: забавни и своеволни, се соочувате со неколку љубовни изненадувања. Вашата самодоверба е на високо ниво и сега може да откриете нешто што до неодамна беше заборавено: некој предмет, тема или разговор? Зелено светло за работните проекти и поголема слобода. Организација. Промени.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]