Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ја имате потребната мотивација и сила да се придвижите кон саканата цел, но планетите од Јарец би можеле да ве соочат со препреки, одолговлекувања и ќе треба да се адаптирате. Можеби дојдовте до некаква добивка преку непринципиелност или се борите со отворена нечесност. Време е за зреење.

БИК: Времето на ограниченост завршува и денес сте спремни да поделите нешто многу важно со блиските: нема ништо лошо во тоа што сакате да ја заштитите својата интима, кој го презира лебот, ќе купува трошки. Повлечете се во богатството на својот свет и најдете време за семејството – тие ви се радуваат!

БЛИЗНАЦИ: Средби со носталгична нота или романса од минатото: сфаќате дека не можете напред како до сега. Чувате ли тајни пријатели? Постои цел спектар на бои меѓу црното и белото, а вие можеби гледате само еден сегмент. Размислете добро дали ја имате потребната зрелост за саканите инвестиции. Прегрупирајте се.

РАК: Старите правила повеќе не важат и сега не може да играте исклучиво според сопствените интереси: погледнете подобро околу вас, верувајте дека имате заштита од планетите и бидете објективни. Можеби не ви се допаѓа улогата што ќе треба да ја носите, но за сега треба да бидете поодговорни – без фриволност!

ЛАВ: Средба со расположена личност, која што ќе сака да инвестира во вашите проекти или ќе го продлабочи вашето знаење. Грубите зборови се забија како во мета со пикада, но денес треба да простите и да продолжите искусно напред. Вашата самодоверба ќе ве поттикне да истражувате и да се подготвите повеќе.

ДЕВИЦА: Во постојано движење, доаѓате до многу реализации кои во текот на денот ќе ви помогнат да ги унапредите креативните проекти. Транзитот на Месечината во Бик ќе ви помогне и ќе ви ја даде потребната толеранција и лојалност. Дотерајте се пријатели и минете ја вечерта во зрело друштво. Учете повеќе сега.

ВАГА: Денешните аспекти ви прават тешкотии: како да сте се соочиле со најголемата зима во животот! Многу остри зборови се искажани и веќе ви е тешко и мислите да се предадете. Нема да зазори само од себе, ќе треба да балансирате, како тивко да преточувате вода од еден сад, во друг. Трпение!

СКОРПИЈА: Можен е колапс и секаков вид на ограничувања, но со вашата фиксна природа можеби и ќе успеете да допливате до брегот. Верувајте повеќе во своите способности и обидете се да се покажете во најдобро светло. Како рамка на некоја неважна слика: доколку е раскошна и сликата ќе добие на вредност.

СТРЕЛЕЦ: Тамам кога си помисливте дека дојдовте до кокошката со златни јајца, се соочувате со раскинати договори. Некоја интуитивна жена ги знае вашите чекори однапред и ќе треба да балансирате за да не се сопнете од својата иднина, а која е во нејзините раце. Размислете подобро како да напредувате!

ЈАРЕЦ: Можеби сте жртва на своето избрзано поведение и не сосема подготвени да се соочите со светот. Потпрете се на својата емоционална сила и интуиција и најдете време за љубов и интима. Доста си отежнувате мислејќи на можните исходи, знаевте со време каква нечесност се одигрува. Време е за креативност.

ВОДОЛИЈА: Доволно беше завивање под Месечината: на едно место се покажувате лојални како куче, а на друго сте алчни како волк. Не се затворајте само во еден круг на луѓе, така може да ѝ наштетите на својата репутација на широкоград пријател. Најдете начин да дојдете до вистинските лидери и напредувајте умешно. Идеи.

РИБИ: Никој не просперирал на туѓа сметка на долги патеки, затоа внимавајте со кого ќе правите договори. Месечината во Бик го осветлува вашето небо и брзо ќе увидите како да ги поврзете луѓето на суптилно ниво. Вашата вродена несебичност ќе им помогне на многумина, но потоа повлечете се и одморете се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]