Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес може да си честитате бидејќи успевате да го постигнете саканото. Не ја отфрлајте својата работа, бидејќи вашата личност најдобро се манифестира низ неа. Покажете ги своите таленти и покрај тешкотиите. Инаку никогаш нема да разберете што е тоа слобода, а тоа ќе ве фрустрира. Дајте малку напор.

БИК: Сега нема ама баш никаква потреба да брзате, најдете време за своите интереси кои ја будат креативноста, љубовта и имагинацијата. Вешто чекорите во романтичните одаи, правејќи лесни и страсни движења како во аргентинско танго. Па и не мора секој ден нешто да се работи. Љубов, нежната заводничка.

БЛИЗНАЦИ: Работите се мирни во интимната сфера, иако можеби би сакале позабавни случувања. Аспектите најавуваат пријатен ден, во кој што мирот и хармонијата ќе успеат да завладеат. Завршете ги последните подготовки на работното место и со голем ентузијазам спремајте се за празнување. Останете смирени и кротки.

РАК: Нема потреба да донесувате решенија со вжештена глава: да, вие ја имате потребната енергија да се справите со сè еднаш засекогаш и од она од кое што не сте задоволни во својот емотивен живот. Во оваа затворена средина, ви фали свеж воздух. Одете постепено, чекор по чекор кон целта и ќе напредувате. Работа.

ЛАВ: Празниците веќе тропаат на врата, но вам ви е потребен одмор. Друг ден ќе појдете во шетање и забава. Не се фокусирајте толку на сопствените несигурности и дилеми. Смирете се малку и најдете време да ја обновите физичката сила, па дури тоа да е дремка од половина час. Повлечете се.

ДЕВИЦА: Ако го барате вистинскиот збор за денес, ќе го најдете под буквата А: адаптација. Нема потреба да скокате од бродот, туку вложете уште само мал напор за да ги довршите деталите – ќе бидете задоволни. Можеби сметате дека не можете да дадете добар совет, но вие многу добро пливате во овие води.

ВАГА: Денес сакате да сте во добро друштво, во славење и запознавање на нови личности, кои може да ве доведат до нова романса. Широкогради и отворени ги прифаќате сите покани и правите распоред каде да стигнете прво. Користете ја својата моќ на дискриминација и не трошете време со луѓе кои ви се тешки.

СКОРПИЈА: Убави аспекти ги будат вашите очекувања на интимен план: вашите сакани се тука и подготвени да ви учинат сè што ќе посакате, зарем нешто може да ја попречи таа среќа? Длабоко разбирање струи меѓу двајцата и тоа ја продлабочува вашата врска. Ден за убавина, смиреност и задоволства. Радост.

СТРЕЛЕЦ: Денес сте поумерени и другите веднаш го забележуваат тоа – тука се да ви помогнат и да ви кажат колку ве обожаваат. Вашата харизматична личност ги привлекува луѓето на природен начин. Давате со отворени раце, без да чекате нешто за возврат: добро го познавате законот на кармата. Имате поддршка.

ЈАРЕЦ: Ова е ден кога го имате вистинското расположение за запознавање на нови луѓе, дури е можно и да појдете на пат, пријатели. Пред вас се нови хоризонти, на интимен и сензуален план, а во врските гори незапаметена страст! Ова расположение влијае и на работата и ефикасно ќе ги завршите своите проекти.

ВОДОЛИЈА: Сега е добро да останете малку мистериозни, нема потреба да раскажете сè што знаете, особено во интимната сфера. Подобро е да им оставите на другите самите да ви се отворат вам! Нема потреба да заземате било чија страна, бидете неутрални, но помогнете колку што можете. Мотивирајте се повеќе.

РИБИ: Иако сте полни со витална енергија и би сакале да го подобрите љубовниот живот, можеби ќе треба да почекате уште само малку. Пратете ја својата интуиција, таа ви е најдобар сојузник. Штом заѕвонат ѕвоната, потпрете се на своите таленти и умешно ќе успеете да ги задоволите потребите на сите. Среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]